Радев го покани својот романски колега Дан да ја посети Бугарија
Бугарскиот претседател Румен Радев официјално го покани новиот претседател на Романија, Никушор Дан, да ја посети Бугарија, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.
Во телефонски разговор, Радев му честиташе на Дан за неговата убедлива победа на претседателските избори во Романија и ја изрази желбата на Бугарија да го продлабочи партнерството со својот северен сосед. Радев нагласи дека Романија е вториот најголем трговски партнер на Бугарија, а двостраната размена надминува 7 милијарди евра годишно.
Претседателот ја истакна и значајна соработка на двете земји во клучните теми во ЕУ и НАТО, безбедноста во регионот и обединувањето на напорите за поврзаност, што ќе го подобри инвестицискиот лик на регионот и ќе ги стимулира бизнисот и туризмот, се наведува во соопштението.
