| |

Радев за испратените пожарникари во РС Македонија: „Ова е долг кон нашите браќа“

Бугарскиот претседател Румен Радев на денешниот состанок на посветен на состојбата со пандемијата на коронавирусот во Бугарија индиректно му објасни на Слави Трифонов дека не е во ред да се критикуваат луѓето што се испратени да се борат со пожарите во РС Македонија.

„Тоа е долг кон нашите браќа, пожарникарите се борат, огнот да не дојде и кај нас. Молам да бидеме внимателни во давањето оценки“, подвекува Радев.

Од своја страна службениот премиер Стефан Јанев објасни дека состојбата со пожарите е алармантна и треба сите инволвирани да бидат внимателни.

„Ако некој се сомнева во однос на испраќањето на наши пожарникари во РС Македонија, нека ги праша луѓето во Благоевград, каков чад имаше таму и каков воздух дишеа“, истакнува Јанев.



Слични Објави