Раиола веќе работи на нов трансфер, Ибра наскоро добива нов клуб?!

Како што пренесува италијански „Тутомеркато“, Мино Раиола е на чекор од обезбедување нов клуб на Златан Ибрахимовиќ.

Според информациите на реномираниот италијански медиум, Раиола во овој момент е во Турција каде што го договара трансферот на Ибрахимовиќ во редовите на Бешикташ.

Клубот од Инстанбул е во потрага по нов напаѓач после заминувањето на Ценк Тосун во Евертон, а во Златан освен што би добиле одличен голгетер би имале и маркетиншка „бомба“.

Ибра има проблеми во Манчестер и стана јасно дека тој и Лукаку не можат да играат заедно, а Белгиецот поради своите години секогаш ќе има предност. Поради тоа Швеѓанецот е спремен да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во клубот каде што би бил стартер.

Извор: sportski.mk



Слични Објави