РАКОМЕТАРИТЕ ЈА ИЗБРИШАА СЕВЕРНА ОД МАКЕДОНИЈА! (ФОТО)
Прво реагираше македонскиот голман Борко Ристовски кога на подготовките во Словенија ја покри Северна пред името на нашата држава, а сега веќе на првиот ден во Австрија и автобусот во кој што се возат македонските ракометари ја нема непопуларната додавка која стои пред Македонија.
На автобусот кој што им е даден на користење на избраниците на селекторот Данило Брестовац, пишува North Macedonia, името кое го налага и ЕХФ, но ракометарите перфидно се сетија да ја покријат North ставајќи македонско знаме токму над додавката.
Сега на автобусот си пишува само Team Macedonia, како што беше случај на сите првенства досега.

