| |

РАКОВОДИТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО СОФИЈА ПОВИКАН НА РАЗГОВОР ВО БУГАРСКОТО МНР

Времениот раководител на амбасадата на РС Македонија во Бугарија Владимир Крстевски денеска на барање на потпретседателката на бугарската Влада и шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева беше повикан на средба со в.д. директорот на дирекција „Југоисточна Европа“ кон бугарското МНР Ива Крулева.

Крстевски е повикан на средбата заради се почестите појави на јазик на омраза и дискриминација во РС Македонија од страна на официјални претставници кон македонски државјани кои се декларираат како Бугари или имаат симпатии кон Бугарија и бугарскиот народ.

Бугарската страна изразила длабоко разочарување поради големата негативна кампања во РС Македонија насочена против Васил Гарванлиев, претставник на нашата земја на овогодинешното издание на конкурсот „Евровизија 2021“.

Бугарското МНР соопштува дека ги информирало претставниците на земјите членки на ЕУ и други меѓународни и регионални организации за спомнатите случаи.

„Бугарија ќе продолжи да се залага во согласност со принципите на меѓународното право за заштитата на правата на бугарските државјани и граѓаните кои се декларираат како Бугари, насекаде во светот“, стои во соопштението на МНР на Р. Бугарија.



Слични Објави