|

Рамадан: По 8 мај албанските кадри ќе имаат пристап до сите институции

За Албанците нема поголема навреда од тоа да имаат министер Албанец за образование, а од друга страна, учениците Албанци да не можат да следат настава на својот мајчин јазик; нема поголема навреда од тоа да имаш министер за финансии Албанец, а за места со албанско население да се доделуваат скандалозни буџети, и нема поголема иронија од ситуацијата со премиерот Албанец, кој нема ниту ингеренции, ниту соодветен легитимитет да ја објасни дискриминацијата каде ниту еден Албанец не е вработен во една толку важна единица за националната безбедност на нашата држава, рече денеска на прес-конференција Блерант Рамадан од коалицијата ВРЕДИ.

„Граѓаните треба да знаат дека како што идејата за првиот премиер Албанец предложен од ДУИ беше невалидна и јалова, така ќе биде и идејата за првиот претседател Албанец. Албанците навистина заслужуваат да имаат претседател Албанец, но тој нема да биде од редовите на ДУИ, партијата која преку генерирањето на континуирани симболични и јалови ветувања не постигна ништо друго освен да ги втурне Албанците во мизерија и миграција.Првиот претседател Албанец мора да биде достоинствена личност, а не пасивен симбол и фигура без никаква тежина на авторитет и легитимитет, соочен со потребите на граѓаните. Единствената и вистинска вредност на Албанците поминува само преку коалицијата ВРЕДИ“, изјави Рамадан.

Тој кажа дека „по 8 мај, албанските кадри ќе имаат пристап до сите институции, дури и во оние кои се монополизирани и моноетнизирани“.

Слични Објави