|

Рамиз Мерко на црната листа на САД: Присвои средства, се мешаше во судски процеси, штети на довербата на јавноста

САД го ставија градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, на така наречената црна листа, со што означија како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.

„Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија“, соопштија од Стејт департментот.

Тие посочуваат дека со ова се испраќа порака до Македонија за зајакнување на демократските институции и решавање на недосстатоците во владеењето на правото.

„Ова ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“, додаваат од САД.

Работата на Мерко ја истражуваше „А1он“. Тогаш беше обзнането дека против него има 14 кривични пријави. Сите поднесени во време кога ја извршувал функцијата – градоначалник. Ниту еден предмет не бил процесиран до крај.

Порталот објави и за незаконско постапување од страна на Мерко.

Аларм имаше и дека без дозвола и потребни документи, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, уриваше и преградуваше, односно реновираше објект што е прогласен за значајно културно наследство. Сето тоа без конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство. Во зградата на поранешното училиште планира да ја пресели општинската администрација сосе него, иако за ова нема одлука од Советот на Општина Струга. Ова беше уште една незаконитост.



Слични Објави