| |

РАЗБОЈНИШТВО ВО СКОПСКО КАЗИНО, УКРАДЕНИ 126.049 ДЕНАРИ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице заради сторено кривично дело „разбојништво“.

Обвинетиот, на 20 јули заедно со уште едно засега непознато лице, влегле во казино на ул. „12 Македонска бригада“ и со пиштоли се заканиле на двајца вработени и одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, тие одзеле парични средства во вкупен износ од 126.049 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи и натаму се исполнети законските основи за тоа.



Слични Објави