ЗАЕВ: НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА
СДСМ не се откажува од воведувањето на една изборна единица, истакна денеска премиерот Зоран Заев.
„Ниту сакаме, ниту имаме право, ниту треба да се откажеме. Јас сум свесен дека со ваков огромен број на амандмани и од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, тоа буквално изгледа невозможна мисија. Но, тоа дава можност и за дијалог, за разговори и за се – изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали можеби за овие избори ќе се откаже од измените во Изборниот законик во делот на една изборна единица.
Заев изрази надеж дека во претстојниот период ќе биде изнајден начин за договор за измените.
Премиерот подвлече дека од моделот со една изборна единица добива демократијата, помалубројните етнички заедници и помалите политички субјекти, а се отстранува можноста за воспоставување автократски режим.