Разработка на докторанд од бугарскиот институт INSAIT со признание на една од најпрестижните светски конференции за AI
Статија на бугарскиот докторанд Иво Петров од Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT) при Софискиот универзитет го доби специјалното признание Spotlight на ICML 2026 – една од најпрестижните светски конференции за вештачка интелигенција и машинско учење, јавува бугарскиот магазин за наука Аз Буки.
Ова е првпат во речиси 50-годишната историја на ICML труд од бугарска институција да добие вакво признание. Од близу 24.000 пријавени научни трудови годинава, само околу 2% се избрани за Spotlight.
Трудот „BrokenMath: A Benchmark for Sycophancy in Theorem Proving with LLMs“ претставува нов тест за оценување на способноста на моделите со вештачка интелигенција да препознаваат и отфрлаат неточни математички тврдења, што е важен чекор кон развој на посигурни AI системи.
Коавтори на трудот се Јаспер Деконик од ETH Zurich и проф. д-р Мартин Вечев, научен ментор на Иво Петров. Истражувањето ќе биде претставено во јули на ICML 2026 во Сеул, Јужна Кореја.

