Разрешен од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести

/

Министерот за здравство Беким Сали денеска го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди, информираат од Министерството за здравство.

– Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување, се вели во соопштението од МЗ.

Претходно денеска министерството за здравство соопшти дека по барање од министерот Сали поднесени се оставки и од директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести  и Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

Притворен познат грчки автор на детски книги поради поседување материјал со детска порнографија

Следна статија

Киев подготви 425 специјални засолништа во случај на нуклеарен напад

Најново од Вести