Реакција на МНР на Бугарија за изгласаната во македонското Собрание резолуција со црвени линии

//

Министерството за надворешни работи го изразува своето разочарување од изгласаната во Собранието на РС Македонија резолуција за т.нар. црвени линии во преговорите со Бугарија. Од бугарското МНР жалат дека овој чин доаѓа во време кога билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје, како резултат на постојаните напори , започна да преминува во попозитивна и поперспективна фаза.

Бугарија со нетрпение очекува да се објави резолуцијата со цел внимателно да се анализира нејзината содржина во однос на нејзината компатибилност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан и ратификуван од Собранието на Република Северна Македонија во 2017 година, како и потенцијално влијание на овој документ врз досегашниот дијалог, стои во официјалната реакција на МНР на Бугарија.

За Бугарија би било целосно неприфатливо РС Македонија да го мотивира или оправдува неисполнувањето на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година преку такви акти, нешто што е во спротивност со водечките принципи на меѓународното право.



Единствениот правилен начин за изнаоѓање на одржливи и заемно прифатливи решенија за тековните предизвици во нашите односи е строго почитување на договорите и обврските, нивната ефикасна и совесна имплементација, како и одржувањето искрен и целосен дијалог, се вели во реакцијата на МНР на Бугарија.

Претходна статија

Пендаровски најави дека нема да го потпише Изборниот закон

Следна статија

Заев: Знам дека вистината боли, но денеска системот се справува и со крупните и со ситните риби

Најново од Вести