|

Регистриран земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа, (7.07.2024 година) во 22 часот и 52 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 120 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, како и во пограничните делови со територијата на Р. Албанија.



Слични Објави