| |

Решете го спорот со Грција и може да добиете покана за ЕУ

„Македонија е на вистинскиот пат, и ако продолжите така , може да добие препорака од ЕК во рок од неколку месеци “.Ова го изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за време на неговата посета на Скопје.

Тој истакна дека не дојде во Скопје за да го објави точниот датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ , но рече дека земјата постигнала напредок и ако продолжи да се движи во иста насока, може да ја добие за неколку месеци очекуваната препорака за почеток на преговорите. Македонија со гест кон Грција – Ги менува сообраќајните знаци

Во изминатиот период, Македонија спроведе реформи што го изненадија светот, а договорот со Бугарија го зголеми угледот на државата во ЕУ. Станува збор за помирување на историјата и географијата, за решавање на долготрајните проблеми. Ние го сторивме тоа со други земји, ќе го сториме тоа со вас “, рече Јункер на прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

Шефот на ЕК, цитиран од АП, го повика Скопје да го реши долготрајниот спор околу името со Грција, со цел земјата да започне разговори за пристап со ЕУ. Тој ги пофали реформите во Скопје за пристапување во Унијата, но ја повика владата да го реши спорот од 25 години за македонското име.

Од своја страна, Заев истакна дека за владата во Скопје е прифатливо име со географска одредница што ја разликува Македонија и регионот со истото име во Грција.

Бараме трајно решение кое ќе го почитува достоинството и го штити идентитетот на двете земји “, објасни Заев.

Јункер пристигна во Скопје, како дел од неговата прва станица од турнејата во шест балкански земји, пишува „Катимерини”.

Извор: 10 без 10

Слични Објави