|

Ревакцинирани 48% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.037 дози вакцини, од кои 1.581 се аплицирани како прва доза, 853 се ревакцинации, а 1.603 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека заклучно со 17 ноември вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, ревакцинирани се 787.837, а трета доза примиле 59.735 граѓани.

„57% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 48% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.



Слични Објави