РЕВОЛУЦИЈА ВО ЕЛИТАТА: ЌЕ ИМА ПОМАЛКУ ИЗНЕНАДУВАЊА И ПОВЕЌЕ НАТПРЕВАРИ ВО ЛШ

Реномираниот британски весник „Тајмс“ открива дека УЕФА и ЕЦА, Здружението на европски фудбалски клубови, се блиску до тоа да се договорат за промена на форматот на Лигата на шампионите.

Сè прават сите напори за зголемување на веќе огромниот број натпревари

Би се играле уште шест кола во втората групна фаза во Лигата на шампионите во текот на една сезона, а истата ќе се игра веднаш по првата групна фаза. „Тајмс“ наведува дека ова начин за зголемување на веќе големиот број на натпревари во елитното клупско натпреварување, иако се размислува и за други модели кога е во прашање зголемувањето на бројот на натпреварите во елитното натпреварување.

УЕФА ја враќа Лигата на шампиони како што беше до 2003 година

Со воведувањето на втората групна фаза во ЛШ, УЕФА ќе се врати на системот што беше до 2003 година. Потоа во втората фаза имаше четири групи со по четири клуба, што подоцна беше заменето со нокаут-фазата почнувајќи од осмина-финале. Според сегашниот систем, финалистите од групата до натпреварот за титулата играат 13 натпревари, а според новиот систем, со две групни фази, клубовите кои би стигнале до крајот би одиграле 17 натпревари. По шест во секоја група, по два во четвртфиналето и полуфиналето и едно во финалето.

Новата Лига на шампиони го убива домашниот Куп

За да се постигне ова, неопходно е да се пронајдат датуми во веќе пренатрупан календар, а ова ќе има лошо влијание врз домашните натпреварувања, како домашните купови. Поради дополнителниот број на натпревари во Лигата на шампионите, најдобрите клубови во иднина ќе играат со резервни или млади тимови од почеток до крај во домашните купови, а со тоа се уништува традицијата на Куповите.

Втората фаза по групи се воведува за да се избегнат непријатните изненадувања

Во кратки црти, втората фаза по групи се воведува се со цел да се избегнат непријатните изненадувања, а пред се тука се мисли на богатите клубови. Со промената на натпреварувањето, екипите кои ја завршуваат групата на третото место, би продолжиле во Лигата на шампионите, додека четвртопласираните во групната фаза би играле во Лигата на Европа.

Извор: Спорт1