|

РКЕ денеска треба да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се очекува денеска да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари 2023 година.

Досега, барања за нова цена на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари до РКЕ поднесоа трите енергетски компании АД МЕПСО за пренос на електрична енергија, „ЕВН електродиструбуција“ за дистрибуција и „ЕВН хоум“ за вршење на дејноста универзално снабдување со електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинствата.

„Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 отсто. РКЕ ги определува цените без ДДВ, а зголемувањето на ДДВ од 5 на 10 отсто ќе има влијание на крајниот трошок од 4,72 отсто“, рече првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски на прес-конференцијата во понеделникот.


Бислимоски кажа дека според она што е доставено до Комисијата, МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 отсто, „ЕВН електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 отсто, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинствата.

Извор: 360stepeni.mk



Слични Објави