РОДИТЕЛИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ КОИ БАРАЊА ЌЕ ГИ ИСПРАТАТ ДО МОН, НО ЗА НИВ ЕДНО Е ЈАСНО – УЧЕБНИЦИ МОРА ДА ИМА!
Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има!“, формирана од родителите кои се против воведувањето на дигиталните учебници, за неполни два дена има 47.000 членови, а тие веќе подготвуваат и состанок на кој ќе му ги претстават на МОН своите барања, јавува Слободен печат.
– Иницијативата почна со тоа што веќе е оформена онлајн петиција. Моментално сме во контакт со стручни лица со кои треба да седнеме на состанок со цел да се разгледаат проблемите, да се дадат идеи и предлози кои ќе се разгледаат, како би се донеле конечни барања кои ќе ги доставиме до МОН. На состанокот ќе присуствуваат: доктор по семејна медицина, психолог, педагог, наставници, професори, родител, социјален работник, правник, претставник од здружение за заштита на детските права, професор од Педагошки факултет, претставник од сојуз на средношколци како и претставник од здружение на деца со попреченост – вели Драгана Спасеска за „Слободен печат“, која е дипломиран воспитувач, а воедно и креатор на оваа група.
Таа вели дека доколку МОН не ги услиши нивните барања, иницијативата ќе продолжи со пунктови во повеќе градови ширум земјава.
Целиот напис прочитајте го овде.

