РОДИТЕЛИТЕ СО УЛТИМАТУМ ДО МОН: АКО НЕ НИ ОДГОВОРАТ ДО ПОНЕДЕЛНИК, ОДИМЕ НА ПРОТЕСТ

/

По средбата на иницијативата „Настава и учебници мора да има“, воспитувачката Драгана Спасевска, која го претставува гласот на родителите, изјави дека со претставници на МОН се разговарале неколку точки од нивните барања, на кои тое не биле подготвени да одговорат, пренесува Слободен печат.

– На оваа конструктивна среба разговаравме за нашите барања да се изучува наставата од хартиени учебници, да се исфрли родово сензитивната содржина од учебниците и родителите да бидат вклучено во образовните политики, изјави Спасевска, потенцирајќи дека доколку до почетокот на следната недела не се одговори на овие барања родителите ќе излезат на протест.

– Претставниците на МОН на оваа средба не беа подготвени да ни одговорат на барањата и ако тоа не се случи до следната недела, тогаш ќе излеземе на протест, порача Спасевска, истакнувајќи и дека додека се чека одоворот од МОН на овие барања бојкотот ќе биде ставен во мирување.



Спасевска уште еднаш повтори дека ова е граѓанска иницијатива без политичка позадина, нагласувајќи дека таа е гласот на родителите, а не на некоја политичка партија.

Претходна статија

АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА ШИЛЕГОВ И ПРОТИВПОЖАРНИТЕ СКАЛИ И ЈА ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА ДРАГИ РАШКОВСКИ

Следна статија

ЗАЕВ: САМО СО НОВИ ДОКАЗИ ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ ЗА 27 АПРИЛ

Најново од Вести