РОНАЛДО ЧЕКАЛ ВО АВТОМОБИЛ ДОДЕКА НЕ ГО ВИКНАЛЕ ДА СИ ЈА ЗЕМЕ НАГРАДАТА

Во Милано синоќа беше одржана церемонија за доделување на наградата за најдобрите фудбалери во Серија А за минатата сезона.

Роналдо беше во Милано, каде што ја доби наградата за најдобар фудбалер за минатата сезона. Меѓутоа, неговото однесување на церемонијата шокираше многумина.

Италијанските новинари беа во шок откако Роналдо се појави на церемонијата дури кога требаше да ја добие наградата.

Португалецот цело време чекал во својот автомобил, а кога му соопштиле дека е победник, тој излегол и тргнал кон салата.

„Неверојатно. Роналдо чекаше во авомотил до момент кога требаше да биде избран за најдобар во Серија А. Кога дојде момент за тоа, тој влезе во салата со големо обезбедување, кое не им даде на камерите да ги снимаат“, пишува разочараниот новинар Танкреди Палмери.

Извор: Спорт1



Слични Објави