РОНАЛДО И ВО ЕК НА НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА КРИЗА СТАНУВА ТРЕТ МИЛИЈАРДЕР МЕЃУ СПОРТИСТИТЕ

/

Најпопуларниот светски фудбалер и актуелна ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо е многу близу да стане само третиот спортист кој ја минал магичната граница од една милијарда долари заработка и тоа во ек на пандемијата со коронавирус, поради која веќе се согласи до јуни да не зема плата и се откажа од сигурни над четири милиони „зелени банкноти“.

Португалецот според пресметките во следниот период, најмногу до крајот на годинава, ќе ја мине границата и ќе стигне до милијардата, за да стане првиот фудбалер на кого му успеало вакво нешто, зашто досега од спортистите границата од една милијарда досега ја минаа само голгерот Тајгер Вудс и боксерската ѕвезда Флојд Мејведер, двајцата од САД.

Како што се потенцира, финансискиот успех на Роналдо најмногу се должи од спонзорските договори, од кои според податоците лани успеал да заработи 100 милиони долари, а и во оваа година го очекува скоро истата заработка, без оглед на светската криза во која дополнително ќе се соочи светот на финансиски план по пандемијата.



Роналдо има 30 милиони евра годишна плата од Јувентус, а заработува скоро трипати повеќе од спонзорските договори, а Португалецот е прв што ја мина и границата од 200 милиони следбеници на Инстаграм.

Извор: Спорт1

Претходна статија

ВИДЕО: АВИОНОТ СО РУСКА ПОМОШ ЗА АМЕРИКА

Следна статија

РУСКИ МИТРОПОЛИТ ЈА НАРЕЧЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА

Најново од Вести