В САБОТА ОНЛАЈН ПРЕМИЕРА НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ЗА АНЧЕ ЏАМБАЗОВА

Публиката ќе може да го погледне документарниот филм за актерката Анче Џамбазова на четврти април годинава, в сабота, онлајн со почеток во 20 часот на You Tube каналот на кој се емитуваат претставите на Театар Комедија. Режисер на документарниот филм е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија е Гоце Трајковски. Овој филм премиерно беже прикажан во рамки на Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ (септември 2019 година). Од Театар Комедија потсетуваат дека на последното издание на Фестивалот „Гола месечина“ што се реализира заедно со Општина Аеродром, првпат беше воведена и наградата за животно дело „Анче Џамбазова“. Наградата, како што се наведува, е во чест на една од најголемите наши актерки, која важеше и за мајстор на комедијата. -Управата на театарот и Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Златко Марин, донесоа одлука да биде снимен и документарен филм за Анче Џамбазова, кој имаше своја премиера во рамките на „Гола месечина 2019“, се вели во соопштението од Театар Комедија. Филмот е финансиски поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот, од страна на Општина Аеродром.



Претходна статија

ПРИВРШУВА КОНКУРСОТ ЗА ВТОРИОТ МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА КРАТOК ФИЛМ „ФИЛМАЈ 2020”

Следна статија

ГРАН-ПРИ НА „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“ ЗА МАРИЈА ДИМА ОД БУКУРЕШТ

Најново од Култура