РОНАЛДО ОТКРИ КОГА ЌЕ ПРЕСТАНЕ СО ФУДБАЛОТ И ШТО Е НЕГОВАТА СЛЕДНА КАРИЕРА
Кристијано Роналдо во февруари ќе наполни 35 години, а во некои други времиња фудбалерите на овие години ставаа крај на кариерата.
Сепак, фудбалерот на Јувентус не е било кој фудбалер. Неговата напорна работа дава резултати, па засега годините не му можат ништо. Тој откри кога ќе се пензионира од спортот.
„Никогаш не сум имал лоша сезона во кариерата, бидејќи секогаш сум подготвен да се соочам со предизвиците“, рече Роналдо. „Секогаш играм за да победам. Моментот кога моето тело нема да реагира на вистински начин на теренот, тогаш ќе биде моментот да престанам со фудбалот. Пред повеќе години, фудбалерите се пензионираа на 30 или 32 години, но сега гледате фудбалери кои играат до 40 години“, вели Португалецот.
Тој наговести што би можел да работи по завршувањето на фудбалската кариера. Дефинитивно нема да остане во овој спорт, бидејќи има друга пасија.
„Кога ќе завршам со фудбалот, би сакал да продолжам со образованието. Се фокусирам многу на учење, бидејќи образованието што го имам моментално не може да ми даде одговор на сите прашање што ги имам во животот. Една работа што ме фасцинира е дека сакам да се обидам да глумам во филм“, додаде Роналдо.
Извор: Спорт1
