Румен Радев: Ги поканувам сите Бугари заедно да ги пречекаме посмртните останки на цар Самоил
Постигнавме историски договор за враќање на посмртните останки на цар Самоил, соопшти премиерот Румен Радев на почетокот на владината седница, пренесува БТА.
Премиерот додаде дека тоа е резултат на интензивни преговори меѓу Бугарија и Грција.
„На 3 октомври, сабота, во 12:30 часот, ги поканувам сите Бугари на плоштадот ‘Батенберг’, пред Кнежевскиот дворец во Софија, заедно да ги пречекаме посмртните останки и да му оддадеме почит на големиот бугарски владетел“, рече Румен Радев.
