РУСИЈА ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА СПУТНИК V И ЗА ЛИЦА ПОСТАРИ ОД 60 ГОДИНИ

Русија ја одобри својата вакцина „Спутник V“ и за граѓани постари од 60 години, објави руското Министерство за здравство

loading...

Досега, постарите од 60 години беа исклучени од планот за вакцинација, бидејќи во тек беше тестирањето на оваа група граѓани, кое се спроведуваше одделно.

„Експертската анализа покажа дека вакцината е ефикасна и безбедна за граѓаните постари од 60 години“,


loading...

изјави министерот за здравство Михаил Мурашко, пренесоа руските новински агенции.
Масовната вакцинација на населението во Русија е во тек, а започна на 10 декември.