ИЗЛОЖБА „БЕЗ ГРАНИЦИ“ ВО БУГАРИЈА

„Без граници“ е насловена изложбата на која денеска (20 септември) во 17:30 часот во изложбената сала „Рафаел Михаилов“ во Велико Трново, Република Бугарија, ќе се претстават македонската скулпторка Гордана Хаџи Николова Малашев и бугарската графичарка Николина Джановска …

Изложбата претставува проект со кој се нагласува дека луѓето, без оглед дали се уметници или не, немаат граници во своето изразување и дека секој човек може да биде претставен со она што го прави. Авторките токму преку своите скулптури и графики, спонтано и секоја на свој начин, ја откриваат приказната за проектот „Без граници“.

Изложбата е дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес.

 



Слични Објави