| |

ВЛАДАТА ЌЕ НАБАВИ 33 ЛЕСНИ ОКЛОПНИ ВОЗИЛА ОД САД

Откако собраниската Комисијата за одбрана и безбедност даде поддршка за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата, се очекува Владата на својата наредна седница на 24 декември да го склучи Договорот со американската Администрација, соопшти денеска Министерството за одбрана.

„Договорот се однесува на набавка на 33 лесни оклопни борбени возила наменети за опремување на Лесна пешадиска баталјонска група, која како членка на НАТО ќе је декларираме да биде на располагање на Алијансата. Оваа единица ќе учествува во НАТО операции и нејзината способност ќе биде индикатор за нашата подготвеност да ги преземеме обврските како земја членка“, се наведува во соопштението.

Министерството изразува задоволство од „видливата едногласната поддршка“ за информацијата што им ја презентираше на пратениците на Комисијата и генерално за зголемените инвестиции во модернизација на Армијата.

Слични Објави