МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ЛЕСНОВО 2018“ ВО КУМАНОВО

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечер (20 септември) во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики од 27-та Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2018“ …

Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип – институција којашто заедно со Општина Пробиштип е организатор на Колонијата.

Традиционалната Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2018“ по 27. пат обедини 16 ликовни уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Англија и од Русија коишто, инспирирани од опкружувањето, твореа во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“.

Инаку, оваа изложба беше веќе претставена пред ликовната публика во Пробиштип, а Куманово е втора дестинација каде што ќе бидат презентирани делата од оваа колонија пред пошироката јавност. Изложбата ќе биде поставена во Куманово до 1.10.2018 година.



Слични Објави