|

Руски војници починале откако јаделе храна која им ја дале украински цивили

Двајца руски војници загинаа во близина на Харков, откако украински цивили ги хранеле со отруени пити, соопшти Украинската одбранбена разузнавачка агенција.

Војниците починале веднаш откако ги изеле печивата што им ги послужиле жителите на Изузма, додека уште 28 војници завршиле на интензивна нега. Неколку стотици руски војници се „тешко болни“ затоа што испиле отровен алкохол што им го понудиле цивили, пренесува Курир.

Украинските власти на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана се пофалија со текстот насловен: Окупаторите се отруени од локални жители и алкохол.

– Украинците со сите расположливи средства даваат отпор на окупаторите. Според достапните информации, жителите на областа Изум (регионот Харков) ги „лечеле“ Русите од 3-та моторизирана дивизија со отруени пити, поради што двајца окупатори починале веднаш, додека 28 се префрлени на одделот за интензивна нега.

Во соопштението се наведува и дека „околу 500 припадници на 3-та моторизирана дивизија на Руската Федерација се во болници поради тешко алкохолно труење од непознато потекло“.

Киев тврди дека руската команда ги отпишала овие смртни случаи како „неборбени загуби“.

Извор: Temite



Слични Објави