РУСКОТО МВР НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ГРУЕВСКИ ПОБАРАЛ АЗИЛ ВО РУСИЈА

Вести Истакнато Македонија

На денешната прес конференција на портпаролката на руското министерство за внатрешни работи, Марија Захарова, новинарот Борис Анзов, постави прашање за евентуално барање за азил и во Русија, од поранешниот македонски премиер Никола Груевски.
Портпаролката одговори дека не знае дали има такво барање, но ќе провери.
Ова доаѓа по серија вести од унгарските медиуми дека Груевски добил азил во Унгарија под „капата“ на Путин, но дали поранешниот премиер ќе оди во Русија се уште не се знае.
Анзов ја праша Захарова и дали таа би ја посетила Македонија, а таа одговори дека ако има повод би дошла.

Извор: Бриф