| |

СЀ УШТЕ ЕНИГМА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО КИМ ЈОНГ УН

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун и натаму работи со пишани пораки. Денеска испрати второ писмо до градежниците на туристичката локација Вонсан-Клма, пренесуваат локалните медиуми.

Сепак, агенцијата „Тасс“, забележува дека неколку денови агенциите немаат објавено ниту една слика со ликот на лидерот.

Додека во светот траат шпекулациите за здравствената состојба на Ким, Ројтерс наведува изјавата на јужнокорејскиот министер за обединување, Ким Џон Чул, дека неговата земја нема разузнавачки податоци дека на северот се случува нешто невообичаено.

Тој изразил сомневање во веродостојноста на наводите дека врз Ким е спроведен сложен хируршки зафат на срцето, додавајќи дека споменатата болница – Вонсан, нема капацитет за такви операции.

Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким Џонг Ун е нарушено, а многумина шпекулираа и дека е починат.

Севернокорејскиот лидер не е забележан во јавноста од 11 април, кога одржал состанок на Централниот комитет на Работничката партија.

Слични Објави