Младите музичари ја претставија родната џез сцена на фестивалот во „Нишвил“
Фестивалот „Нишвил“ годинава го прослави својот 30-годишен јубилеј со уште посериозно бугарско присуство – Cinga Manga Funk, „Акустична верзија“ и претставниците на најмладата и најперспективна генерација на џезот во Бугарија, Postcard Sextet.
Цветан Цветанов во репортажа за „Нашиот ден“ разговара со гитаристот на Postcard Sextet, Вилизар Гичев, кој денеска полни 24 години.
Младите бугарски музичари доживеаја сериозно фестивалско лето, а по учеството на А to jazz ја имаа честа да настапат со својот репертоар на еден од најголемите џез настани, не само на Балканот туку и пошироко.
Можноста да се претстави родната џез-сцена беше возбудлива за Postcard Sextet, вели Гичев кој бил инспириран и од средбата со светските имиња на џезот, како и со бугарските виртуози од „Акустична верзија“. И како слушател и како музичар, Гичев првпат се сретнал со ваков обемен џез настан, нудејќи симбиоза помеѓу различни музички атмосфери.
По враќањето од Србија, Postcard Sextet повторно ќе ја претстават својата музика во Софија на 24 септември, а потоа ќе учествуваат на голем уличен фестивал во Пловдив.
Фото: БНР
Музичарите ги очекува нова музика, аранжмани, снимања и лични успеси.
Фото: БНР

