| |

УТРЕ НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА 

Утре 4 јуни, е неработен ден за сите граѓани на Македонија , за празникот Рамазан Бајрам.

Пред нас ова лето се многу неработни денови, а еден продолжен викенд не очекува токму во јуни. На 14. јуни петок е празникот Духовден, кој е исто така неработен ден, па со викендот после него се добиваат три слободни дена. Ова се неработните денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ

  • 04 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
  • 02 август (петок), Ден на Републиката
  • 08 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание
  • 23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба
  • 08 декември (недела), „Св. Климент Охридски“ односно 09 декември (понеделник) е неработен ден


    За граѓаните од православна вероисповед
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

    За граѓаните од католичка вероисповед
  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик

    За граѓаните од муслиманска вероисповед
  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

    За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
  • 22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 09 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

    За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

    За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Слични Објави