САД: Асад напаѓа со хемиско оружје, а Русија го штити

//

Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли ја обвини Русија дека го штити сирискиот претседател Башар ал Асад, кој според неа, е виновен за повеќе напади со гас хлорин, употребен врз цивили во изминативе недели.
На синоќешната средба во Советот за безбедност на ОН, Хејли истакнала дека Русија го одложила усвојувањето документ на тој Совет, во кој се осудува употребата на хемиско оружје, вклучувајќи го и нападот за кој претходно беше соопштено дека се случил минатиот четврток во предградие на Дамаск, каде биле повредени повеќе од 20 цивили.

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија возвратил дека е „целосно јасно оти целта е да се обвини сириската Влада за користење хемиско оружје, во ситуација кога ниту еден извршител не е идентификуван“. Русија предложи СБ да усвои поинакво соопштение, во кое не се спомнува нападот од четвртокот.

Невладината организација Сириско-американско лекарско здружение,  соопшти дека најмалку 11 лица биле затруени со боев отров во градот Идлиб, кое е едно од главните упоришта на бунтовниците во Сирија. Според организацијата, гасот бил фрлен од хеликоптери на сириската армија со импровизирани бомби изработени од буриња полни со хлор во гасна состојба.



 

Претходна статија

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 53-та редовна седница

Следна статија

Kонкурс за стипендии „Борис Трајковски“ за школување во гимназијата „Нова“

Најново од Вести