Kонкурс за стипендии „Борис Трајковски“ за школување во гимназијата „Нова“

//

Фондацијата „Борис Трајковски“ и Меѓународното училиште „Нова“ по 14. пат го распишаа конкурсот за стипендии за четиригодишно школување во гимназијата „Нова“. Повикот е отворен до 22 февруари и може да се пријавуваат деветооделенци од цела Македонија кои се со одличен успех од петто до деветто одделение. Во прилог ви го пренесуваме соопштението на училиштето „Нова“:

Број и вредност на стипендиите

Ќе бидат доделени три целосни стипендии. Учениците кои ќе се пласираат во вториот круг имаат право да конкурираат за финансиска помош која може да покрие до 50% од школарината. Ќе бидат доделени до 10 делумни стипендии.

Секој ученик кој сака да земе учество во програмата за стипендирање треба да ги исполни следниве критериуми:

Да има одличен успех од VII до IX одделение
Да пополни електронска апликација за стипендирање
Да полага тестови по англиски јазик и математика * *

Ќе бидат објавени резултати од тестот по англиски јазик и математика. Дваесет (20) кандидати од вкупниот број на учесници ќе се пласираат во втор круг. Кандидатите со постигнат најдобар резултат на тестот по англиски јазик (десет највисоко рангирани) и кандидатите (10) со најдобар постигнат резултат на тестот по математика го продолжуваат натпреварувањето. Во вториот круг, под надзор на повеќечлена комисија учениците ќе презентираат лидерски, тимски и креативни вештини. Трите (3) целосни стипендисти ќе се изберат врз основа на вкупните бодови од тестовите и активностите од вториот круг.

Кандидатите кои нема да добијат целосна стипендија имаат право да аплицираат за финансиска помош **.

Ќе бидат избрани најмногу 10 кандидати. Вредноста на доделената финансиска помош покрива до 50% од трошоците за школување во НОВА.

Обновување на стипендирањето

Стипендирањето се обновува секоја наредна година под услов ученикот -стипендист да ги исполнува академските и лидерски очекувања на училиштето : да постигнува континуиран одличен успех, односно просек од 10 или повеќе на скала на оценување од 1 до 12, да учествува конструктивно во програмата „Помош на заедницата“ и активно да учествува во најмалку една од училишните програми за лидерство . Каков било инцидент на академска нечесност или сериозен дисциплински престап повлекуваат прекинување на програмата за стипендирање . Ученикот и семејството потпишуваат Договор за стипендирање кој ги уредува сите очекувања од носителот на стипендијата .



* Сите тестирања се изведуваат под шифра и резултатите (ранг-листата) се објавува на т под шифра.

** Кандидатите кои аплицираат за финансиска поддршка ќе треба да достават и дополнителен формулар за финансиска помош.

Процедура:

01 до 22 февруари – пријавување со пополнување на електронска апликација ( линк )

23 февруари (петок), во Гимназијата НОВА – Тестирање по англиски јазик и математика

Насоки за подготовка

Насоки за подготовка за тестот по англиски јазик
Насоки за подготовка за тестот по математика

–  01 март, 15:00 часот Објавување НА резултатите (под шифра) на огласната табла во НОВА и на веб-страницата на училиштето.
– 02 до 09 март – комплетирање на документација ( ќе бидат дадени дополнителни инструкции ).
– 10 март (сабота), втор круг натпреварување.
– 14 март , објавување на финалистите.

Претходна статија

САД: Асад напаѓа со хемиско оружје, а Русија го штити

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас и зошто крие од македонската јавност?

Најново од Вести