ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА МОПЕД И АВТОМОБИЛ

//

Малолетник од Битола бил тешко повреден, а неговиот другар полесно кога со мопедот на кој се возеле се судриле со автомобил, вчера во Битола.

Според полицијата сообраќајката се случила околу 13.50 часот на улицата Васко Карангелевски во Битола.

Автомобил „голф“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Ц.С(61) од Битола се судрил со мопед „априлија“со битолски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(16) од Битола.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен во Клиничка болница во Битола, а неговиот сопатникот О.С.(16 ) бил полесно повреден.



Увид извршила екипа од СВР Битола.



Претходна статија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ОД АВТОПАТ, ВОЗАЧОТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН

Следна статија

ЗАЕВ НАЈАВИ ЛИДЕРСКА СРЕДБА НА КОЈА ЌЕ СЕ ЗБОРУВА ЗА НОВ ИЗБОРЕН МОДЕЛ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОПИС

Најново од Вести