ЗАЕВ НАЈАВИ ЛИДЕРСКА СРЕДБА НА КОЈА ЌЕ СЕ ЗБОРУВА ЗА НОВ ИЗБОРЕН МОДЕЛ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОПИС

//

Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев ги покани политичките лидери Мицковски, Ахмети и Села во петок 19 јули во 14 часот во Клубот на пратеници на лидерска средба. Главни теми на разговорите ќе бидат изборниот модел и Законот за јавно обвинителство. Заев повикува за организирање на попис кој ќе биде организиран од Државниот завод за статистика.

Заев истакна дека е подготвен да оди на предвремени избори но дека тоа не е во прилог на државата. Според него ако во септември има избори истата влада ќе остане на власт со истите реципиенти и нема да се промени ништо. Заев истакна уште дека неговата комуникација со ДУИ е одлична и додаде дека промената на директорите се само кадровски решенија.

Заев истакна дека прашањето за предвремени избори е банално и подвлече дека редовните парламентарни избори ќе се одржат во 2020 година.





Претходна статија

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА МОПЕД И АВТОМОБИЛ

Следна статија

ОДИ ДРУГАРУ МОЈ И НЕ СЕ ВРТИ НАЗАД! ЈАС ЌЕ ТЕ ИСПРАТАМ НА АЕРОДРОМ!

Најново од Вести