ТЕВДОВСКИ: МЕБЕЛОТ ВО ПРЕДЛОГ БУЏЕТОТ НЕ Е ЗА МИНИСТРИТЕ
Mинистерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција во Министерството за финансии појасни дека средствата во Предлог-буџетот предвидени за набавка на мебел не се однесуваат на мебел во кабинетите на министрите, туку за опремување на училишта, студентски домови, факултети, полициски станици, гранични премини, прифатни центри и др. Коментирајќи ги пишувањата во медиумите, Тевдовски истакна дека и во ставката наменета за возила не се планирани средства за комфор на функционерите, туку за набавка на возила во здравството, судството и инспекциските служби за да може тие да ги извршуваат своите редовни обврски. Прашан дали се предвидени средства во Предлог-буџетот доколку се одржат предвремени парламентарни избори, Тевдовски со став дека се предвидени средства за она што следува, а тоа се претседателските избори.
Извор: МТМ
