САД: Кинескиот балон е дел од воената програма за надзор
Претставници на американските разузнавачки служби веруваат дека неодамна соборениот кинески балон е дел од обемната програма за надзор што ја води кинеската војска.
Програмата за надзор, која вклучува голем број слични балони, е делумно повлечена од кинеската провинција Хаинан, изјавија официјални лица за Си-Ен-Ен.
Наводно, САД не ја знаат точната големина на кинеската флота со балони за надзор, но изворите велат дека програмата извршила најмалку 20 мисии на најмалку пет континенти во последниве години,пренесе Танјуг.

