|

САД ќе обезбедат 800 милиони долари помош за Украина во наредните две години

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат помош од 800 милиони долари за Украина во текот на следните две години и ќе продолжат со својот ангажман за безбедноста во Европа, јавува БНТ.

Ова е предвидено со Законот за буџетот за одбрана за 2026 година, чија вредност изнесува речиси еден трилион долари. За разлика од досегашната традиција, законот е потпишан од американскиот претседател без присуство на новинари во Овалната канцеларија во Белата куќа.

Помошта за Украина предвидува средствата да се користат за набавка на оружје од американски компании. Законот ја ограничува можноста Пентагон да го намали бројот на американски војници во Европа под 76 илјади и му забранува на командантот на американските сили во Европа да се откаже од позицијата врховен командант на НАТО.



Слични Објави