|

САД СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ОДГОВОРАТ ЗА НАПАДИТЕ ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА

САД се подготвени да одговорат на нападите врз саудиските нафтени инсталации, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Има причини да веруваме дека знаеме кој е виновникот. Подготвени сме да одговориме, но ќе го почекаме саудиското кралство да ни каже кого смета за одговорен за овој напад и под каква форма да реагираме“, напиша Трамп на Твитер.

Јеменските бунтовници Хуси ја прездоа одговорноста за нападите врз нафтените инсталации на саудискиот нафтен гигант „Арамко“.

Извор: Макфакс



Слични Објави