|

Сали: Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда

Тоа што го гледаме е добрата грижа на здравствените работници, сведочи министерот за здравство Беким Сали за состојбата во болниците каде се лекуваат пациенти заболени со коронавирус. Тој вели: „Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда, за која не е објасниво зошто се прави. Тоа се некои пропаганди за завери, злоупотреби.. Не можеме да лоцираме кои ги прави, ние ги развиваме политките позитивни за справување со кризата“.

„Пикот траеше две недели, забележуваме опаѓање на инфицирани, сега доаѓаме до фаза на хоспитализации. Бевме спремни за напливот. Поминаа три бранови, ова е четврти. Институциите знаат како да се справат, ние сме спремни. Немаме финално решение како да го решиме проблемот со вакцинацијата. Нашето општество има и отпор“, кажа Сали во „Само вистина“.

Тој вели дека пациенти се обидуваат сами да се лекуваат без лекарска помош. Овој впечаток го добил од разговорите со ковид позитивни пациенти во болниците кои ги посетил.

„Протокол за лекување постои и има. Протоколот е од професори на Клиниката за инфективни болести. Тој протокол е од кога се појавил вуханскиот сој, односно во 2019 година. Според тоа што јас го видов, тој протокол е обемен и детално напишан. Во периодот од две години тој е ажуриран“, додаде Сали.

Слични Објави