САЛИХАМИЏИЌ ДОБИ УНАПРЕДУВАЊЕ ВО БАЕРН МИНХЕН

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен објави дека тие ќе продолжат да бараат нов тренер по отказот на Нико Ковач, но покрај тоа тие подготвиле и унапредување на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Баварците објавија пред репрезентативната пауза дека Салихамиџиќ ќе стане дел од извршниот одбор на крајот на сезоната, па така Салихамиџиќ ќе добие поголема улога во трансферите на клубот.

„Салихамиџиќ е спортски директор на Баерн уште од 2017 година и беше одличен. Тој беше важен и за младите таленти на клубот. Поради тоа управата реши да му даде унапредување во извршниот одбор на тимот и тоа од први јули 2020 година“ , соопштија од Баерн.

Баварците, исто така, во моментов се поврзуваат со многу тренери, меѓу кои и Арсен Венгер, Жозе Мурињо и Ерик тен Хаг, но засега не е познато кој ќе седне на тренерското столче.

Извор: Спорт1

Слични Објави