| |

Салимова: Многу сум горда на постигнатото!

Бугарската шахиска Нурѓул Салимова, објави дека на финалето на Светското првенство во Баку пропуштила многу шанси против шампионката Александра Горјачкина.

„Не успеав да го освојам пехарот, но мојата игра беше вредна за финале, можеби искуството не беше доволно. Многу сум горда на постигнатото. Ја почувствував поддршката на многу Бугари и на луѓе од целиот свет , ви благодарам за тоа. Ме исполнивте со многу позитивна енергија“, коментира таа на прес-конференција.

Салимова за бугарските медиуми призна дека последните месеци и недели биле напнати и стресни, но се чувствува задоволна што успеала да победи на 6 натпревари во Баку.

„Самата јас се чувствувам посигурна од шаховски аспект, видов дека не сум толку далеку од најдобрите во светот. Верувам дека можеби се потребни дополнителни тренери, бидејќи ова е многу сериозен турнир, тоа е можност бидејќи не секој ден можеш да играш на Челинџер турнир. Но, пред тоа има и други турнири, така што никогаш не престанувам да работам“, истакна таа.

„Со овој пласман се стекнав право да учествувам на турнирот на предизвикувачите во април во Торонто, на кој ќе биде одреден противникот на женскиот светски шампион во шах. Овој турнир ќе бара многу подготовка, но тоа го правам од моето детство“, рече Салимова.



Слични Објави