| |

Сандански се подготвува за кандидатура за членство во Европската асоцијација на историски термални градови

Градоначалникот на бугарската општина Сандански, Атанас Стојанов, одржа работна средба со доц. Сијка Кацарова, претседателка на Бугарскиот сојуз за балнеологија и спа-туризам и на Европската спа-асоцијација, јавува Пиринско.

Главна тема на средбата беше започнувањето на постапката за поднесување кандидатура за членство на Општина Сандански во Европската асоцијација на историски термални градови (EHTTA).

Со стручна поддршка од Бугарскиот сојуз за балнеологија и спа-туризам, Сандански би можел да стане третата бугарска општина што ќе се приклучи на асоцијацијата, по Хисарја и Ќустендил. Организацијата обединува 55 општини од 21 европска земја, меѓу кои се Виши, Баден-Баден, Бат, Спа, Монтекатини Терме, Висбаден и Будимпешта.

Членството во европската мрежа ќе отвори нови можности за меѓународни партнерства и за промоција на богатото термално и културно-историско наследство на Сандански. Тоа ќе придонесе и за негово афирмирање како препознатлива дестинација за бањски и спа-туризам.

Слични Објави