Сарафов: За неколку дена ќе бидат готови резултатите од ДНК анализата

//

За неколку дена се очекува да бидат готови резултатите од ДНК анализата, за со сигурност да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, нагласувајќи дека заедно со македонските колеги го прецизирале начинот на кој ќе се работи истрагата за несреќата.

Сарафов и портпаролката на јавниот обвинител Сијка Милева разговарале со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и со шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција Вилма Русковска на самото место на несреќата.

Сарафов истакна дека Бугарија очекува Република Северна Македонија да испрати биолошки материјал од роднините на загинатите во опожарениот автобус на автопатот Струма за да се извршат ДНК тестови.



Тој посочи дека сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата.

Претходна статија

МНР: Сите амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје

Следна статија

Демант од Беса Транс Доел Тетово: Направена е грешка, ние не сме поврзани со несреќата

Најново од Вести