СДСМ: ДКСК ја потопи лагата на ДПМНЕ и потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски
Уште една фабрикувана лага на ДПМНЕ за претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски падна во вода, ДКСК ја потопи целосно, информираат денеска од партијата на премиерот Ковачевски.
Како што велат од СДСМ, Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше сите лаги на ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски.
Од партијата потсетуваат дека со денови ДПМНЕ водеше хајка со лаги, со манипулации. Сите лажни видеа, анимации, изјави, прес конференции од белиот дворец се потврди дека се голема лага, ништо повеќе.
– Ништо не се менува во ДПМНЕ, предводена од Мицкоски. Освен блокади и ширење лажни вести, шпекулации и фабрикувани дезинформации ништо друго и не знаат. ДПМНЕ сега најмалку што може е да им се извини на граѓаните за изнесените лаги, порачуваат од СДСМ.