|

СДСМ: Дополнителни 3.000 денари поддршка за ранливите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа

Соопштение на СДСМ:

Парламентарното мнозинство предводено до СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита, со кои им се помага на граѓаните полесно да се справат со економските последици од глобалната криза.

Со овие измени околу 35.000 семејства приматели на гарантирана минимална помош во наредните три месеци ќе добиваат дополнителни 1.000 денари месечно на своите сметки.

Ова е една од низата мерки, кои СДСМ ги реализира во време на криза за заштита на стандардот на граѓаните, меѓу кои се и укинување на ДДВ за основните продукти и субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица уште еднаш ја покажаа својата неодговорност и ја напуштија салата кога се гласаа измените и дополнувањата со која ранливите категории граѓани добиваат дополнителна поддршка од 3.000 денари.

СДСМ континуирано на дело покажува вистинска посветеност во борбата против сиромаштијата и заштита на ранливите категории граѓани.

Слични Објави