АРЦЕЛОР МИТАЛ ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ЗАГАДУВАЊЕТО НА РЕКАТА ВАРДАР И ПОМОРОТ НА РИБИТЕ
Еколошкиот инцидент кој се случи вчера утрината во реката Вардар, кај Аеродром при што дојде до масовен помор на рибите, го предизвикал Арцелор Митал- Либерти Хаус Груп, констатирал Државниот Инспекторат за животна средина, јавува НОВА.
Еколошката катастрофа се случила поради пукање на цевка при што дошло до излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води и обоена црвеникаво-жолта отпадна вода завршила во реката Вардар, потврдија од инспекторатот.
