|

СДСМ: Изборниот ден помина мирно, но со серија нерегуларности – следуваат пријави до институциите

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција оцени дека изборниот ден минал без поголеми инциденти, но имало сериозни пропусти и прекршувања на изборниот процес.

„Констатиравме злоупотреби на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, како и кршење на изборниот молк преку агитирање. Имаше и нерегуларности при самото гласање“, изјави Димитријевиќ, нагласувајќи дека институциите мора итно да реагираат.

Тој најави дека СДСМ подготвува пријави за сите утврдени случаи на нерегуларности. Според првичните партиски податоци, СДСМ води во повеќе општини низ државата – меѓу нив Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново-Облешево, Кривогаштани и Богданци.

„Тесна битка, како што рече, се води во Неготино, Валандово, Македонска Каменица и Лозово. СДСМ, според партиските податоци, води и во Дојран, но најверојатно ќе има втор круг“, додаде Димитријевиќ.

Слични Објави